Irkom R1 растворувач за боја 3 во 1 за метал

БЕТОЛИН СТРОНГ

ПРАЈМЕР

БЕТОЛИН СТРОНГ

ПРАЈМЕР

Премаз на база на еднокомпонентно полиуретанско врзивно средство. Се користи како прајмер (импрегнација) на полоши, попорозни бетонски подлоги постари од 28 дена и како прајмер за армиранобетонски подлоги. Со нанесување на прајмерот Betolin Strong, се постигнува подобра адхезија, а со тоа и подолг век на траење на завршната боја Betolin Strong. Овој прајмер се карактеризира со многу брзо сушење, едноставна апликација, многу е отпорен на атмосферски влијанија, влага, масла, лубриканти и други хемикалии.

Употребата на прајмер ја намалува потрошувачката на завршниот слој Betolin Strong.

Подлогата мора да биде сува, груба, чиста, без маснотии и прашина. Новите бетонски подлоги и малтерисаните подлоги мора да бидат грубо обработени и да остареат минимум 28 дена пред нанесувањето на прајмерот Betolin Strong.

Добро измешајте ја бојата пред употреба.

На подлогата се нанесува прајмерот Betolin Strong, а потоа бојата Betolin за бетонски површини се нанесува во два слоја. Во зависност од намената, прајмерот Betolin Strong се разредува до 20% со разредувач B ако нанесувањето се врши со пневматски пиштол, а ако премазот се нанесува со четка или валјак, не е потребно разредување.

Веднаш по употреба, алатот треба темелно да се измие со разредувач Б.

Време на сушење (20°C):
– На допир – 30 мин,
-Целосно – 24 часа.

За нанесување на финалната боја Betolin Strong мин. 12 часот

Потрошувачка: 6-8 м²

Рок на траење: 24 месеци

Нијанси: безбојни