Лак за дрво Ирколин

ИРКОЛИН ЛАК

ЗА ДРВО

ИРКОЛИН ЛАК
ЗА ДРВО

IRKOLIN LACQUER е брзосушечки, транспарентен премаз со висок сјај и висока тврдост за дрвени површини во внатрешноста и надворешноста. Изработен е врз основа на алкидни смоли, растворувачи и адитиви. Се карактеризира со исклучителна издржливост и отпорност, а добро ги толерира и средствата за чистење во домаќинството. Идеален е за употреба во станбени и деловни простории, јавни објекти и помалку оптоварени индустриски објекти. Лак Irkola не пожолтува под дејство на сончева светлина.

Пред употреба, потребно е добро да се измеша производот. Површината треба да се изшмиргла со дрвена шмиргла, а потоа да се исчисти со сува четка. Бришењето на прашината со крпа не се препорачува бидејќи може да останат влакна од ткаенината, што ќе создаде нерамнини при боење. На така исчистената, изшмирглана и сува дрвена подлога може да се нанесе премаз. Се нанесува во два слоја, со четка или пиштол. Кога нанесениот прв слој ќе се исуши, потребно е површината уште еднаш да се помине со шмиргла, да се повтори постапката за чистење, а потоа може да се нанесе вториот слој. Сушењето помеѓу слоевите трае 2-4 часа, а целосно сушење по 24 часа. Доколку е потребно, производот се разредува до максимум 15% со соодветен разредувач. Веднаш по употреба, алатот треба темелно да се измие со нитро разредувач.

Потрошувачка: 6-8 м
Пакување: 0,75 л

i

Технички листови со податоци

p

Предупредувања