Полир за камен Irkom Onyx

ОНИКС

ЛАК ЗА КАМЕНИ

ОНИКС
ЛАК ЗА КАМЕНИ

ОНИКС е транспарентен, безбоен агенс кој го зголемува сјајот и ги интензивира боите, што значително го подобрува естетскиот квалитет на третираниот материјал. Отпорен е на лоши временски услови, загадување на воздухот, стабилен е во индустриска средина и крајбрежна зона (сол во воздухот). Не се трие или мие, продира длабоко во површината на материјалот, го покрива, го штити и го конзервира, не пожолтува под дејство на сончева светлина.

Се користи за чистење, заштита и полирање на сите видови природен и вештачки камен во ентериер и екстериер. Се користи за мермер, гранит, камени плочи, керамика, тули и генерално за сите фини цементни површини (терацо).

Исто така, овој премаз е многу погоден за премачкување на тротоари, јавни патеки, градини во кафулиња, бидејќи обезбедува одлична заштита од лепење на мастика за џвакање на површината. Залепената мастика лесно ќе се отстрани од површината премачкана со лак ONYX, без многу напор.

ONYX се нанесува неразреден на површина која е темелно исчистена од прашина, масло, маснотии, восок и други нечистотии. Нанесувањето се врши со пиштол, четка или мека крпа во еден или два слоја. Доколку се користи на внатрешни површини, се препорачува полирање со мека, сува крпа по сушењето.

Рок на траење: 48 месеци
Големини на пакување: 750 мл, 10 л

Време на сушење помеѓу слоевите 2-3 часа.
Исчистете ја алатката со разредувач IRKOM Nitro за миење и одмастување.

СКЛАДИРАЊЕ: На суво место, на температура од +5 до +35°C.

i

Технички листови со податоци

p

Предупредувања