
АКВАЛИН БОЈА
ЗА РАДИЈАТОРИ
АКВАЛИН БОЈА
ЗА РАДИЈАТОРИ

AQUAlin бојата на база на вода за радијатори е декоративен премаз кој се карактеризира со исклучителна покривна моќ, еластичност, цврстина и отпорност на топлина. Со текот на времето, овој премаз не пожолтува. Содржи антикорозивни адитиви и може да се нанесе директно на кородирани радијатори за поправка на стари премази.
Наменет е за боење радијатори. Може да се нанесува со шприц, ваљак или четка. Пред употреба, бојата мора да се разреди со вода максимум 15% и добро да се измеша. Се нанесува во два слоја со интервал од 2 часа помеѓу нанесувањата, врз стари премази кои мора да бидат малку изшмирглани, одмастени и без прашина. По 40 минути, премазот е сув на допир, а по 24 часа е целосно сув.
Рок на траење: 24 месеци
Потрошувачка: 100-130g/m²
Пакување: 0,7 л