Здрав производ
БЕЗ МИРИС
Производот е целосно здрав, произведен на еколошки принципи, без непријатни мириси за време на боењето и се суши брзо.

НАЧИН НА ПРИМЕНА
Наменет е за боење радијатори. Може да се нанесува со шприц, ваљак или четка. Бојата се разредува со вода максимум 15%. Се нанесува во два слоја со интервал од 2 часа помеѓу нанесувањата. Се нанесува врз стари премази кои мора малку да се изшмирглаат, одмастаат и исчистат. По 40 минути, премазот е сув на допир, а по 24 часа е целосно сув.